Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ: Уредување на меѓуетничките односи по принципот на единствена македонска нација

Најголемата опозициска партија во програмата за претстојните парламентарни избори „Проект обнова“, ветува дека ќе се залага за крупни измени на Уставот, а не се исклучува и носење нов Устав. Основа на тие измени ќе биде „зачувување на унитарниот карактер на Македонија и уредување на меѓуетеничките односи според принципот на единствена македонска нација“, пишува 360 Степени.

Нацијата е основата на секоја демократска држава и набројаните примери на држави во нашата програма (Франција, Грција, Шпанија) се доказ дека нацијата многу повеќе ги заштитува правата и слободите на сите, вклучително и на малцинствата отколку државите кои се изградени врз етнички поделени и конфликтни општества, велат од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за „360 степени“.

Повеќе тука.

Back to top button
Close