Изборни ветувања во сенката на шовинизмот

„Докажавме дека можеме да бидеме Европејци“, рече Зоран Заев во дебатата со Христијан Мицкоски на МРТВ, нагласувајќи дека „сè друго што се нуди е одење во излоцаија“. Притоа уследи и мала трминолошка полемика со тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека при употребата на зборот шовинизам треба да се биде повнимателен, затоа што шовинизам е „кога ја напаѓате Силјановска, Рашела, Тамара, а одите дури и чекор понатаму“.

Се чини дека со оваа појмовна збрка во телевизиската лидерска дебата дојде до значајно изместување на перспективите. Забелешката на Мицкоски, во контекстот на она што под поимот шовинизам го сортираше лидерот на СДСМ, го префрла тежиштето врз негативните појави во однос на т.н. машки шовинизам, поврзан со отворена или прикриена амортизација на жените, со што се настојува жените во сите сфери, па и во политиката, да се стават во подредена положба.

Мета на таквите напади, посебно од страна на СДСМ, според Мицкоски и неговата сугестија како да се користи поимот шовинизам, се истакнатите женски фигури кои во најшироката јавност ја претставуваат неговата партија на политичката сцена, а не тврдењето на неговиот опонент Заев дека „сѐ друго што се нуди е одење во изолација, шовинизам и лажен национал-патриотизам“. Но, во исто време факт е и тоа дека Силјановски и Рашела се изложени на критики и од страна на жени во редовите на СДСМ.

Токму затоа во една ваква анализа се наметнува како можност уште еден агол од кој забелешката на Мицкоски може да добие и поинакво значење, кога станува збор за „повнимателна“ употреба на зборот шовинизам. Гордана Силјановска и Рашела Мизрахи со своите јавни настапи и гестови, со кои се обидуваат да го реафирмираат претходното име на државата, Република Македонија, застанувајќи во предните редови на оние што своите емотивни батерии ги полнат со упорно омаловажување на „северџаните“, всушност го предизвикуваат гневот на СДСМ поради непочитување на новата реалност во државата, новото уставно име, пропагираат претеран национализам и туркајќи го упорно тркалото на промените наназад, пренагласено проповедаат национална исклучивост кон соседите.

Оттаму, можеби, укажувањето на Заев дека „сè друго што се нуди е одење во излоцаија“, беше проследено со таква реакција на Мицкоски, односно со неговата попатна сугестија во дебатата за терминолошка корекција. Сепак, нејаснотиите и измешаните значења во укажувањето на Мицкоски околу употребата на поимот шовинизам се чини се повеќе од очигледни.

На поширок план ваквата дебата во последните години се одвива мошне интензивно, при што едно од централните прашања кое нертеко се поставува е дали засилувањето на националните шовинизми претставуваат сериозна закана што би можела да ги разниша темелите на целиот ЕУ-пројект? Јакнењето на легитимитетот на ЕУ меѓу обичните граѓани е поврзано пред се со јасни заложби за почитување и афирмирање на европските вредности и принципи, без пренагласено национално тактизирање – а што европските граѓани во долгорочна смисла треба да ги направи Европејци.

Иако можеби внатрешните односи во политиката во Македонија не се пресликуваат директно како дел од актулните глобални тендеции, сè повеќе се наметнува сознанието дека корона-кризата открива дека во низај земји од разни политички позиции се поттикнуваат национализмот и расизмот со цел да заштитат сопствените елитистички интереси.

Во секоја криза спротивностите тендираат кон експлозиј. Ефектот од корона-кризата ширум светот е длабока социјална, економска, а сè понагласено и политичка криза, проследена со очигледно националистичко раслојување на општеството. На меѓународен план ЕУ го искуси тоа со остри спротивставувања. Молбата на Италија за помош со заштитна медицинска опрема не наиде на соодветен одговор од страна на ниту една ЕУ-членка, покажувајќи уште еднаш дека во време на криза ЕУ како да постои само на хартија. Владите оддеднаш се определуваат да настапат со своја сопствена национална стратегија, притиснати од очигледните пропусити и неуспеси на нивните општетствени системи и институции во справувањето со пандемијата. Како последица на тоа, воопшто и не изненадува порастот на национализмот и расизмот.
Но историските искуства покажуваат дека обидите да се злоупотребата одредени општествени турболенции и тензии, со свесно затскривање зад национализмот и расизмот, се осудени на неуспех. Токму затоа е добредојден секој глас кој заговара историски можности и заложби кои водат кон надминување на кризата, посебно гласови кои се борат за стабилност и натамошен развој на ЕУ-пројектот.
Нема никакви сомневања дека Македонија е дел од европскиот континент. Мнозинството македонски граѓани веројатно останува цврсто на определбата да ја види својата земја како член на европското семејство, која продолжува да се интегрира во политичкиот систем на Унијата. Прашање е што сè би требало да се “натовари“ на едниот тас на терезијата за да превагне уверувањето дека европеизацијата на Македонија всушност не е компатибилна со чувството на националниот идентитет со кое се манипулира меѓу македонските граѓани.
Движењето во вистинската насока секако станува отежнато со засилување на тесноградиот национализам и шовинизам, кој, за жал, одредени политички сили го прегрнуваат и го поттикнуваат од тактички причини – особено во време на предизборието.

Ивица Челиковиќ

Back to top button
Close