Изборниот штаб на Џо Бајден ја интензивира кампањата и предизборните промотивни активности

Изборниот штаб на Џо Бајден, претседателски кандидат на Демократската партија во САД на претстојните избори во ноември, ја интензивира кампањата и предизборните промотивни активности во шест клучни држави во кои Доналд Трамп извојува убедлива победа на претседателските избори во 2016 година, јавија американски медиуми.

Станува збор за петнеделна интензивна промотивна кампања во Аризона, Северна Каролина, Флорида, Висконсин, Пенсилванија и Мичиген, за која штабот на Бајден издвои 15 милиони долари.

Бајден во изминатите неколку недели доби значителни донации за трошоците за кампањата, додека неговиот ривал Трамп ја изгуби популарноста поради незадоволството од неговото управување со епидемијата на коронавирусот и неговиот став кон масовните антирасистички протести за бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Бајден закупил термини во локални медиуми во тие шест држави за емитување изборни реклами на англиски и шпански јазик, но тој исто така закупил простор за рекламирање во печат, на радио и ТВ станици и мрежи на афро-американската заедница.

Бајден води со 13 процентни поени пред актуелниот претседател Доналд Трамп во најновата анкета на агенцијата Ројтерс и консултаните од „Ипсос“.

Според анкетата, 48 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, веројатен кандидат за претседател на Демократската партија на изборите закажани во ноември, додека 35 проценти укажале дека ќа гласаат за Трамп.

Back to top button
Close