Избувна пожар над селото Вељуса, кај Струмица

Претпладнево избувна пожар во шумата на планината Еленица, над селото Вељуса кај Струмица.

Според очевидци од селото, зафатена е нискостеблеста шума на околу три километри јужно над селото на непристапен терен, а чадот од пожарот може да се забележи оддалеку.

Според информации од ТППЕ Струмица нивни екипи веќе се упатени кон местото на пожарот.

Back to top button
Close