Изет Меџити ги меша бројките, Таравари го поправа, има 25 Албанци не 35
Вицепремиерот Изет Меџити во објава на фб објави дека 35 Албанци почнале да работат во тетовската и гостиварската болница, но на оваа реагираше поранешниот министер Арбен Таравари, кој потсети дека не се 35 Албанци, туку 25. – Барем кога се фалите со туѓ труд, земете ги точните податоци.
Има 25 Албанци и 10 од други заедници, а не 35 Албанци. Но, убедени сме дека кога Азир Алиу ќе ја преземе функцијата министер за здравство за која се продаде, ќе биде повнимателен, реагира Таравари.