Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ денеска даде краток коментар откако за прв пат беше запрашан од медиумите дали има вистина во тоа дека е можен министер за внатрешни работи во евентуалната идна влада со ВМРО-ДПМНЕ по изборите.

„Ќе разговараме во наредните денови“, рече Меџити како одговор на новинарско прашање.

Во јавноста се шпекулира дека претседателот на Демократското движење ќе биде министер за внатрешни работи во идната Влада.

Шпекулациите се дека веќе ресорите започнале да се делат, а Меџити не негираше дека е можен кандидат за функцијата.

Back to top button
Close