Изет Меџити: Нема да учествувам на состанокот свикан од Артан Груби!
Шефот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, истовремено претседател на партискиот огранок во Чаир, ја одби поканата на вицепремиерот Артан Груби за средба со претседателите на ограноците во седиштето на партијата во Речица.
На прашањето на весникот „Лајм“ дали ќе учествува на овој состанок закажан денес во 14 часот, Меџити одговори негативно.
Покрај тоа што е првиот вицепремиер во Владата, Груби е и секретар на ДУИ, а состанокот го свика за планирање и организацијата на партијата во пресрет на изборите.
Но, партиски извориза „Лајм“ велат дека неговата цел е повеќе да ја тестира поддршката што ја ужива во партиските ограноци.