Изет Меџити од Битола: Имаме забелешки на владиниот состав

Партијата Демократска унија за интеграција-ДУИ синоќа во Битола одржа средба со членови и симпатизари на таа партија, која како што беше посочено е составен дел на внатрешните демократски процеси на партијата.

Во изјава за медиумите, потпретседателот на ДУИ Изет Меџити истакна дека средбите со членството и граѓаните се со цел да се слушне нивниот глас, нивните забелешки и идеи, и се дел од демократските процеси внатре во ДУИ.

-Ние имаме свои забелешки за владиниот состав, сакаме да го слушнеме и гласот на членството, на граѓаните и врз основа на тоа потоа заедно да донесеме заклучоци. Ние немаме дилеми околу стратешките ориентации на владата. Ние сме придонеле за стратешките прашања и ќе придонесуваме и понатаму, изјави Меџити и додаде дека серијалот средби со членството е составен ден на еден демократски процес внатре во Демократската унија за интеграција.

Back to top button
Close