Изгласана резолуција за дигитална еднаквост во образованието во ЕУ

Европратениците со огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата со која се бара конкретни мерки за затворање на „дигиталниот јаз„ во ЕУ,  јави дописничката на МИА од Брисел.

Резолуцијата е усвоена со 593 гласа „за“, 58 „против“ и 36 „воздржани“.

Европскиот Парламент со овој текст бара од институциите во ЕУ да воведат конкретни и ефикасни мерки за надминување на нееднаквоста во пристап до дигиталните алатки, посебно во областа на образованието.

Триесет и два отсто од учениците во ЕУ немале никаков пристап до образование во последниве месеци откако започна кризата и се затворија училиштата. Ова, сметаат европратениците, ќе има негативни последици во иднина врз приходите и конкурентноста на ЕУ.

– Затворањето на дигиталниот јаз во образованието во ЕУ мора да биде итна преокупација, за Европската Комисија мора да бидат приоритет инвестициите во конективноста и опремата, посебно во оддалечените и руралните области, се наведува во текстот на Европскиот Парламент.

Европратениците исто така изразија жалење и загриженост што Советот на ЕУ, односно земјите членки, донесе одлука да се намалат фондовите за образование и обука и побараа три пати поголем буџет за Еразмус плус програмата.

– Ги охрабруваме земјите членки значајно да го зголемат јавното трошење за образовението, изјави европратеникот Виктор Негреску, од романските социјалдемократи

Back to top button
Close