Изгоре барака на Центарот за управување со кризи во Табановце
Во Транзитниот центар Табановце вчера попладне избил пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од кумановските пожарникари, информира МВР.
На 02.09.2025 во СВР Куманово било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово