Изгореа 16 хектари мешана шума во пограничниот појас кај Дебар
Во пограничниот појас на нашава земја кај Дебар на границата со Албанија во атарот на селото Бомово цели два дена имаше голем шуммски пожар , во кој целосно изгоре мешана шума од 16 хектари . Командирот на противпожарната територијална единица во Дебар Џетан Мифтаровски за ,,Либертас,, изјави дека станува збор за пожар од кои изгореа мешана шуна со даб и големи површини со дрвја костен додека штетата засега неофицијално е над 6о илајади евра .
Командирот Мифтаровски додаде дека денеска екипите на противпожарната единица , заедно со припадниците на шумската полиција и други надлежни институции го локализирале пожарот, а се дознава дека пожарот е подметнат од неодговорни лица . ,, Ке се превземаат сите законски мерки за откривање на оние кои го подметнале пожарот,, вели командирот Мифтаровски . Тој исто така бара во овое активности да се вклуќат сите институции за да се стави крај на подметнувањето на пожари .
Инаку овој дел од општина Дебар кој се наоѓа во блзина на границата на РС Македонија со Албанија има голем број на дрфгвја костен и е еден од најголемите производители на костен во регионот .
КМ.