Изгорен „Рено Меган“ пронајден во Тризла – возилото било украдено истиот ден

Целосно опожарено патничко возило е пронајдено на 3 август во прилепската населба Тризла, откако претходно истиот ден било пријавено како украдено. Станува збор за автомобил марка „Рено Меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишниот С.П. од Прилеп.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Прилеп во 19:20 часот. Возилото било целосно изгорено при пронаоѓањето, а засега не е познато под кои околности било запалено.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. Се работи на утврдување дали станува за тешка кражба, уништување на туѓ имот или обид за прикривање на траги поврзани со друго кривично дело.

Back to top button
Close