Изградбата на Универзална сала ќе продолжи ако се утврди дека е чиста постапката за преземање, вели Љутков
Во зависност од буџетот за 2025 тој рече дека приоритет ќе имаат незавршените објетки на културата, а за дел од нив како на пример за Драмскиот театар ќе има ревизија на проектот, изјави во интервју на Сител министерот за култура и туризам.
За протекувањето во МНТ вели дека се обезбедуваат средства, но досега не се распишувал тендер. До Нова Година најавува дека тој проблем ќе се затвори, а за Универзалната сала вели дека ако се утврди дека е се чисто во постапката, градењето ќе продолжи.
„Едната постапка е градбата, а другата која ја започнавме е ревизија на постапката за преземање од Град Скопје во министерството.
Второстепената комсиија за жалби донесе позитивна одлука дека може да се продолжи со градба, но ние уште го немаме пресекот од првата фаза или од пожарот. Денес добив информација дека извештајот е пратен кај изведувачот, но не е дојдено до министерството. Не можам да ставам потпис на нешто што е сомнително и не е направено како што треба. Ако второстепената комисија еве одлучи дека може, ќе продолжиме зашто градбата реално нема проблем, има проблем постапката и преземањето. Ќе пратиме допис до министерство за транспорт и врски да направи ревизија на постапката за одобрување и реконструкција и ако двата извештаја се позитивни, ќе продолжиме со градбата“,потенцира Љутков.