Изгубени во сопствениот двор?!

Мерсел Биљали

Самујел Џонсон вели „Национализмот е последно прибежиште за никаквецот“! Oти никаквецот сам по себе произведува минато и неизвесност. Тој нуди лек кој е поопасен од самата болест. Тој знае како параноично да измисли светло минато, што резултира со темна сегашност и празна иднина. Тој едноставно ја претвора нормалноста во пароксизам!

Многу луѓе во оваа земја сè уште не се разбудиле од 35-годишната илузија дека некој ќе им го украде етничкиот идентитет. Тука кога не ни се допаѓа мостот, скокаме во реката. Всушност, за ова не се дискутира никаде на друго место во светот. Штом ќе помине овдешната илузија, ќе се види дека тука веќе не остана никој жив со таков идентитет – вели еден странски дипломат во обичен разговор. Вели дека делуваме како изгубени во сопствениот двор! Рационалноста вели дека кога не можеме да го запреме ветерот, барем можеме да ги прилагодиме едрата.

Автори на таква параноја се патроните на организираниот криминал во државата. Тие не сакаат европски ред што ќе им го уништи црниот бизнис. Затоа ја измислуваат паранојата на идентитетот што го парализира секој проевропски мозок, за да не му се наштети на нивниот црн бизнис. Методите се фашистички. Ако не си „наш човек“, воопшто не си човек!

 

А како изгледа нормалноста?

Нормалноста изгледа радикално различно од горенаведеното. Тоа е систем на вредности, влезен првенствено во главата на секоја индивидуа, што создава општа системска култура на работа и однесување. Тоа кон „бум“ развој и се вика мерит-систем.

Малата Холандија која е само 30 отсто поголема од Македонија веќе е генератор на земјоделски напредок за цел свет! По САД (која е 260 пати поголема од Холандија), малата Холандија е втор најголем извозник на храна во светот. А како стаса до тоа? Холандија со таа мала територија издржува 17 милиони жители со скоро пет пати повисок стандард од нашиот. Земјоделската и прехранбената индустрија во Холандија, во просек генерира околу 37.133 евра бруто домашен производ по глава на жител. Таа има само 4,15 милиони хектари земјоделско земјиште, од кои една четвртина е под нивото на морето, а 42 проценти се пасишта. И покрај само 60 сончеви денови годишно, нејзиното земјоделство е водечко во светот.

На Холандија ѝ недостасуваат речиси сите ресурси неопходни за сериозна земјоделска активност. Сепак, земјата е втор најголем извозник на храна во светот, после САД. Сè се прави во стакленички комплекси. Имено, низ целата земја се протегаат џиновски огледални структури, блескајќи на сонце и светејќи под вештачко осветлување ноќе, а некои покриваат дури 70 хектари. Овие климатизирани фарми ѝ овозможуваат на земјата, која се наоѓа само на 1.000 милји од Арктичкиот круг, да биде водечки светски извозник на домати што ја сакаат топлината. Таа извезува земјоделски производи во вредност од 135 милијарди евра годишно (ние извезуваме помалце од една милјарда). Топ мото кај нив е: „Двојно повеќе храна со половина од ресурсите“. Потребата од вода за клучните култури е намалена за дури 90 проценти! Употребата на хемиски пестициди е целосно елиминирана.

Мозокот на холандското чудо е истражувачкиот центар – Вагенинген, во близина на Амстердам, со репутација на водечки светски центар за земјоделски истражувања. Тој веќе е пред Стенфорд (САД), кој е познат по својата врска помеѓу академијата и бизнисот. Ван ден Енде, светски авторитет за растителна патологија, смета дека до 2050 година, светската популација ќе порасне на десет милијарди, па ќе треба да ги зголемуваме приносите, со значително намалување на залихите на вода и фосилни горива. Енде мисли дека мора да создадеме „долини на храната“, па затоа соработката со 140 земји.

Недостатокот на хранливи материи тие го компензираат со одгледување растенија кои, во симбиоза со одредени бактерии, произведуваат квлитетно ѓубриво. Високата цена на храната за животни, го надоместуваат со инсекти. Еден хектар земја годишно дава нешто повеќе од еден тон протеини од соја, вообичаена храна за животни. Истата површина дава 165 тони протеини од инсекти. Во нивниот стакленички комплекс во близина на стариот град Делфт, се гледат темнозелени домати високи шест метри. Растенијата – чии корени не се во земјата, туку во мрежа од базалтни и кредни влакна – се полни со овошје, кое се произведува во вкупно 15 сорти за да ги задоволи дури и најпребирливите непца. Едно високотехнолошко растение домати во стаклена градина, кое чини помалку од половина долар, произведува неверојатни 70 килограми домати.

Дождовницата е единствениот извор на вода за наводнување. Одгледувањето на еден килограм домати на лози што растат од мрежи од влакна бара помалку од 14 литри вода, во споредба со 60 литри на отворени полиња. Денес, компанија, „Кoppert Biological Systems“, со 26 меѓународни подружници, е светски лидер во биолошката контрола на штетници и болести. Taa ќе ви обезбеди ларви од бубамара спакувани во памучни кеси, кои ќе прераснат во ненаситни ловци на растителни лисни вошки. Шишиња со 2.000 предатори кои ловат грини на растенијата итн. Бројни семиња од повеќе од 25 различни групи зеленчук, кои многу се природно отпорни на големи штетници.

 

Албанија прави „бум“ и во руралниот туризам!

Одржливиот рурален туризам има за цел да ги претвори руралните области во места каде што можете повторно да живеете и да работите – се смета во Албанија. Овој вид туризам се фокусира на дополнителни придобивки за жителите, а истовремено ја штити природата и животната средина. Земјоделскиот сектор веќе не зависи само од еден единствен извор на приход.

„ITB Berlin News“ – официјалниот медиум на берлинскиот саем, посвети статија на понудата за рурален туризам во Албанија, како богата дестинација со голем потенцијал за посетителите во потрага по природни авантури. Таму има многу заштитени природни подрачја, а реката Вјоса, како дива река, е прогласена за европски национален парк. Ова година во Албанија се очекуваат рекордни приходи од рурален туризам. Тоа помага на враќање на многу нејзини граѓани од странство кои веќе инвестираат во сопствената земја. Само оваа година, плантажите во Сурел во близина на Тирана ги посетиле над 30.000 турист. Над еден милион рурални туристи уживаа во бројните туристички објекти во низинските и планинските области. Овa година бројот на туристи порасна дури за 55 проценти. Тука е и ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка, која го поддржува руралниот туризам во Албанија. Тука е и финансиската поддршка од ЕУ, особено низ ИПАРД и ЕАФРД програми.

 

А каде е Македонија? 

Овдешни влади бараат среќа таму каде што сите други ја изгубиле. Македонија има идеални услов за развој на рурален туризам, но таа нема ниту концепт за тоа. Кинески експерти за развој, велат дека тие во вакви услови на Македонија би издржале над 20 милиони жители со многу повисок стандард. Таа би стасала на околу 100 милјарди евра земјоделски извоз, наместо сегашна смешнн милјарда. Таа треба да има конкретни понуди за нашите сограѓани кои се во странство. Тоа е оно што го прави Португалија

Потребно е голема либерализација, стручна поддршка и децентрализација. При ваква централизација нема развој велат тие. За жал државата нема ниту мерит систем кој е алфа и омега за развој. Неслучајно, Македонија од второрангирана држава по развој во групата од 17 држави од источна Европа (во 1991), таа сега е последна и без перспектива и безнадежна! За глупости се загубени три и пол деценија. Нека живеат мртвите, дури и ако умираат живите. Не е познато во светот дека некаде друго да е расправано за етнички идентитети. Тоа е наша иновација која е на пат од државата да направи историја. Сите држави отидоа напред, а ние назад кон антиката! Бугарија беше многу зад нас, ама со паметна политика ги фати сите дванаесет ЕУ ѕвездички, а ние останавме под темно отворено небо. Наместо живот, направија тест за издржливост. Барем летаме дронови над ѓубриштата! Празни луѓе полни со себе!

 

 

 

Back to top button
Close