Излекуван штипјанец по вторпат позитивен на коронавирусот

Штипјанец за месец и половина по втор пат позитивен на корона. Прв пат вирусот  му бил потврден на почетокот од јуни. Тогаш овој 46 годишник бил тестиран иако немал никакви симптоми.

По две недели добил два негативни теста и влегол во статистиката за оздравени пациенти.  Откако пред неколку денови развил симптоми, хоспитализиран е на инфективно во Штип. Брисевите потврдиле дека повторно е позитивен на Ковид 19. Според епидемилолозите веројатно во контакт со вирусот дошол преку членови на неговото семејство вработени во текстилството.

Вкупно на инфективно се лекуваат 45 пациенти од кои 34 се со потврден корона вирус, останатите се сомнителни со симптоми. Најголем дел се од Штип иако има и од останатите градови од истокот каде има случаи на Ковид 19. Болницата со сопствени средства набави нов современ респиратор.

Сега располага со вкупно пет што ќе бидат ставени во функција ако има потреба и за најтешки случаи со корона вирус. Во меѓувреме анестезиолози и интернисти помагаат на инфективното одделение.

А бројките во Штип веќе втор месец одат само нагоре. Денес се регистрирани десет нови случаи. Битката со вирусот ја изгуби и 58 годишен светешник. Според статистиката на Инстититутот за јавно здравје тој е 16-та жртва на корона вирусот во Штип.

Back to top button
Close