Излетал со автомобил од патот и загинал на место

Маж почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кога со возилото излетал од патот.

Несреќата, како што информираа од МВР, се случила утрово околу 4 часот.

„Патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител

Back to top button
Close