Излетале со „голф“ по полноќ – Повредени две млади лица

Две лица се повредени во сообраќајка несреќа која се случила ноќва по полноќ.

На 02.01.2023 во 02.15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај с.Оровник, патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од с.Мешеишта, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од с.Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“, соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close