Изложба „50 години традиција“ на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

– Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ продолжува со изложба на фотографии со наслов „50 години традиција“.

Вечер во НУ Центар за култура на јавноста ќе и бидат презентирани 50 ретки фотографии кои се чуваат во документацискиот центар на таа национална установа и ги илустрираат почетоците на фестивалот, развојот и сегашноста, најавуваат организаторите на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.

– Се е во знакот на бројот 50. Вчера заврши детската онлајн работилница на тема „Народната култура, трајна инспирација во моето творештво“ во која се вклучија 50 талентирани ученици и нивните ментори од повеќе македонски градови, а вечер отвораме изложба на фотографии „50 години традиција“ на која ќе бидат промовирани 50 ретки и досега необјавени фотографии поврзани со фестивалот, најави м-р Валентин Соклевски, етнолог и координатор на јубилејното фестивалско издание.

Во рамки на фестивалот викендов во Битола ќе се одржат саем на книги од областа на народната култура и традиција во организација на издавачката куќа „Матица“ од Скопје, а утревечер во културниот центар „Магаза“ ќе биде отворена изложба со наслов „1000 години Бигорски манастир“.

Back to top button
Close