Изложба на дигитални принтови од ликовниот уметник Валмир Азири

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбените салони – Империјал 1 и 2, од денеска до 16 јуни ќе биде отворена изложба на дигитални принтови од ликовниот уметник Валмир Азири.

На изложбата ќе бидат изложени 30 дела, дигитални принтови.

Валмир Азири e роден во 1977 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, отсек графички дизајн, во класот на професорот Сафет Спахиу. Долго време е член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби, а учествувал и на групни изложби.

Самостојните изложби на авторот се: изложба на фотографии во 2008 година со наслов „Рефлексија“, втората изложба ја реализираше во 2016 година со дигитални графики наслована „Во почетокот беше зборот“, додека изложбата со дигитални уметнички дела со наслов “ Сенките на душата” е следна трета изложба на авторот.

Авторот освен со уметничка активност извршувал и други дополнителни јавни функсии, во 2005 година беше назначен портпарол на општина Тетово, во 2009-та година е именуван за директор на Уметничката Галерија во Тетово, во 2011 е назначен за директор на Театарот во Тетово, а од 2017 година е државен секретар во Министерството за Култура на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close