Изложба на Живко Поповски Цветин по повод Илинден

 По повод празникот Илинден уметникот Живко Поповски Цветин се претстави со изложба од десет дела насловена „Илинден – 10 дена Крушевска Република, 10 цвеќиња на мирот“.

-Пред 30 годинин имав изложба „10 цвеќиња на мирот за 10 дена Крушевска Република“ кои ги подарив на Музејот во Крушево. Во 2017 исто така имав изложба со уште двајца сликари и една ликовна работилница, при што на Музејот му подарив 23 слики што се врамени и изработен е каталог за нив, постаква која може да се изложува по училишта, домови на културата итн., вели уметникот Цветин.

Годинашната изложба во услови на пандемијата е поставена на неговиот балкон во Капиштец, а ќе трае 10 дена.

Back to top button
Close