Изложба „Остров на осаменост“ во куќата на Робевци

„Остров на осаменост“ е насловена изложбата со цртежи на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес, што вечер ќе биде отворена во куќата на Робевци во Охрид

Завод и музеј – Охрид соопшти дека ќе бидат изложени 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.

– Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата меѓу реалноста и фикцијата, граница која се искусува во самите нас денес. Земајќи го цртежот како концептуален базичен инструмент за истражување во непознати зони или за редефинирање на еден визуелен универзум, изложбата просторно отсликува една состојба на контрасти помеѓу ред и неред, несигурност и смиреност, мир и немир, стои во информацијата на Завод и музеј Охрид.

Учесниците, како што е наведено, репрезентираат една посебна дирекција во поглед на визуелната креација, секој од нив држејќи ги под притисок границите меѓу видливото и невидливото, цртеж-сцена, цртеж-печат, цртеж-релјеф, цртеж-колаж, варијации со кои се поместени границите на една нова реалност

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close