Изложба по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

По повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот – 27 јануари, денеска ќе биде отворена специјална изложба посветена на групата „Ладош“, која била составена од полски дипломати, кои спасувале Евреи за време на Втората светска војна.

Членовите на групата „Ладош“ издаделе речиси 10.000 странски пасоши на Евреи, помагајќи им да го избегнат погромот организиран од страна на нацистичкиот режим.

Изложбата ќе биде отворена во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје со почеток од 10 часот.

Back to top button
Close