Изложба „Убавиот бунтовен Вардар“

Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето на 60 години од поплавата во Скопје која се случи на 16 ноември 1962 година, ја подготви изложбата „Убавиот бунтовен Вардар“ на авторката Зоја Богдановска, кустос во Музејот. Изложбата ќе биде отворена денеска во изложбениот простор во Музејот на Старата скопска чаршија.

– Изложбата ја презентира историјата на поплавите во градот во последните три века, од времето кога се евидентирани во пишаните извори за Скопје. Акцентот е ставен на поплавата која што се случила на 16 ноември 1962 година. Мноштво фотографии проследени со историски податоци, одблизу не запознаваат со големата несреќа. Изложбата е збогатена со разгледници од музејската збирка, кои ќе ни пружат можност да ѝ се восхитуваме на убавата, но бунтовна река Вардар, претставена во сета своја бујност, убавина и суровост, наведоа од Музеј на град Скопје.

Во соработка со Кинотека на Република Северна Македонија, во рамки на изложбата, ќе биде прикажан документарниот филм „Стихија“ од 1962 година, во режија на Бранко Гапо и Трајче Попов.

Back to top button
Close