Изложба „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“
Во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ вечер во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“, посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја.
Публиката ќе може да види 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на професионалните медиуми во земјава. Подготовките на изложбата беа направени во соработка со семејствата на овие жени.
-Жените во медиумската индустрија играат клучна улога уште од првите денови на македонското новинарство. Нивното присуство не било само симболично, тие влијаеле врз етаблирање на професионалните стандарди, отворале авангардни теми кои го менувале општеството и биле глас за оние што останувале без глас во јавноста, велат организаторите.
Историјата, додаваат, сведочи за голем број значајни имиња од почетната ера на македонското новинарство, радио и телевизиски пренос, како и првите репортерки, монтажерки, камерманки, фоторепортерки кои ги отвораа прашањата за политичките и општествените случувања, култура, образование и социјална правда во јавната сфера