Изложбата „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев

Во „Europe House“ вечер ќе биде отворена изложбата „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев.

Александар Кондев е роден во 1950 година. Живее и работи во Скопје. Во Скопје завршува основно и средно образование, а потоа студира на Економскиот факултет. Со фотографија почнува да се занимава уште во школски денови.

Членува во фото клубовите „Вардар” и Клуб „25”, а потоа работи како самостоен автор.

На Факултетот за ликовна уметност предава по предметот „Фотографија“ од 1995 до 2001 година.

Покрај професионалниот ангажман, соработник е на ДКУ, како и автор на повеќе изложби во земјата и странство.

Кондев во 2015 година имаше ретроспективна изложба во Националната галерија „Чифте Амам“.

Back to top button
Close