Измама во кочанско – жени дошле во двор да „растураат“ магија, собрале пари и накит и си заминале

Жена на 62-годишна возраст вчера во 17 часот во ОВР Кочани пријавила дека била измамена од две женски лица.

Како што се посочува во дневниот билтен на МВР, оштетената тврди дека во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и ѝ рекле дека ѝ е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари.

– Откако им дала пари и личен накит, лицата си заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Back to top button
Close