Измама во Тетово: Брачен пар загубил 20.000 евра откако ги излажале дека ќерка им e повредене и требе да се оперира

 17:39

Засега непознати измамници „олесниле“ постара брачна двојка за сума од 20.000 откако претходно ја излажале жената дека ќерка ѝ е повредена во сообраќајка, па мора да плати ако сака итно да ја оперираат.

Имено, како што извести СВР Тетово, вчеравечер 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана.

Таа ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице.

Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close