Измама во Тетово: Платила капар за куќа, ја блокирале на социјалните мрежи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица – Ш.Ф. (54) и З.З. (48) од Тетово, М.Ф. (29) од Долно Количани и И.А. (54) од Шемшево, поради сомнение за сторена измама при купопродажба на недвижен имот.

Драмата започнала во декември 2024 година, кога првоосомничениот и второосомничениот ја убедиле жртвата дека можат да ѝ посредуваат за купување куќа во Тетово, наводно сопственост на нивни роднини, по цена од 135.000 евра. Жената, верувајќи им, во два наврати им исплатила вкупно 8.600 евра.

Измамата била откриена во март 2025 година, кога оштетената дознала дека куќата е во сопственост на сосема друго лице. Кога се обидела да пријави во полиција, третопријавениот (И.А.) ја одвратил од намерата.

Подоцна, групата ѝ вратила само 5.100 евра, додека остатокот од парите го задржале. За да ја избегнат, ја блокирале на сите социјални мрежи и ги прекинале контактите

Back to top button
Close