Измамена скопјанка – на лажен полицаец од тераса му фрли 900 евра за да ја спаси внука и од затвор
МВР информира дека вчера претпладне во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријави дека на 16 овој месец била измамена од едно машко лице за сума од околу 900 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.
Како што е пријавено, таа парите ги фрлила преку тераса, како што претходно и кажало лицето, а подоцна сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот