Изменета рута на дел од автобуските линии поради најавена блокада пред Собранието

Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје соопшти дека денеска од 11.00 часот, поради најавената блокада на улица „11 Октомври“ (пред Собранието), возилата од јавниот градски превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот, односно ќе бидат пренасочени по околните сообраќајници.

Според соопштението на ЈСП „Скопје“, линиите 3, 3А и 3Б во насока од Аеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама, а за во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ кон центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Автобуските линии со број 4 во насока од населба 11 Октомври кон Хром, од улица „11 Октомври“ ќе вртат лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и  ќе продолжуваат по својата редовна траса, додека во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе вртат десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), па преку улица „11 Октомври“ ќе продолжуваат по својата редовна траса.

Линијата 4А во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“  по својата редовна траса, а за во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“,  па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Петка во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, па право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе продолжува по својата редовна траса. Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“,  па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовнаа траса.

Број 7 во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  булевар „Климент Охридски“, лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса, а во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Петнаеска во насока од Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и  ќе продолжува по својата редовна траса, додека во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Линии 21, 21A, 21Б и 22 во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Петков Мисирков“, па лево по булевар „Гоце Делчев“, па по булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по своите редовни трасиа за во обратна насока ќе се движат по истата изменета траса.

Лиијата 23, во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат, во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“,  десно по улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Дваесет и четворка во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по  булевар „Климент Охридски“, па лево по булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата редовна трасаво обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), по улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса.

Линија 26, во насока од Карпош кон Железара, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти лево по мост Гоце Делчев, па по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Крсте Петков Мисирков“ и ќе продолжува по својата редовна трасаво обратна насока ќе се движи по истата изменета траса.

Линиите 27, 33 и 44 во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печатдодека во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“,  па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), ул. „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по својата траса

Линијата 41А во насока од населба Драчево кон Клинички центар, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по  улица „Кирил и Методиј“, па лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центардодека во обратна насока, од булевар „Климент Охридски“, улица „Димитрие Чуповски“,  па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собранието), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линии 43, 50, 50А, 57, 57А и 59 во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, а после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по своите редовни траси, а во обратна насока ќе се движат по истите изменети траси.

Back to top button
Close