Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со изменето работно време.

Согласно измената, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, во периодот од 09:00 до 17:00 часот.
Во сабота шалтерот нема да работи.
МВР ги информира граѓаните навремено да ги планираат своите посети согласно новото работно време, со цел непречено и ефикасно издавање на одобренијата.






