Измените на законите за работни односи и за урбанистичко планирање на пленарна седница

Собранието денеска треба да ја продолжи 115. седница на чиј дневен ред се пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10д. Предлог законите за измени на Законот за работни односи и на Законот за урбанистичко планирање поминаа на Комисијата за европски прашања, а денеска треба да биде разгледан и Предлог законот за измени на Законот за градење.

Предлог-измените на Законот за работни односи се 14. точка, а измените на Законот за урбанистичко планирање 17. точка на оваа пленарна седница.

Со измените на Законот за работни односи се овозможува прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за активности од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Поради природата на работите, како што е посочено, дозволено ќе биде активностите да може да се спроведуваат и во недела.

– Работниците се заштитени со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 проценти  согласно Законот и Колективниот договор. Согласно со Законот, работниците имаат право на дневен и неделен одмор, информираа од Владата на 5 мај по усвојувањето на пакетот од пет закони кои се носат по скратена постапка и со европско знаменце.

Јавното обвинителство итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот, препорака до сите работодавачи таму каде што е можно

Како што образложи заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин на прес-конференцијата одржана на 5 мај, прекувремената работа нема да значи 60 часа неделно, туку таа ќе зависи од временските услови на терен, а секој прекувремен час ќе биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор, со претходна изјава за согласност од работникот.

-Работата над 40 часа неделно ќе се смета и плаќа како прекувремена работа со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор. Тоа значи дека работникот ќе има право на одмор од најмалку 12 часа во непрекинато меѓу два последователни денови во текот на 24 часа. Исто така, работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато плус 12 часа дневен одмор. Дополнително, поради природата на работите и задачите што се вршат во работоте од национален интерес се јави потреба да можат да се спроведува и во недела. Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на плата на работници на проекти од национален и стратешки интерес, рече Хусејин.

Опозицијата не се согласува со ваквите одредби за 60-часовно работно време, а реагираа и синдикатите. Од Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа пратениците сериозно да размислат пред да гласаат за законот со кој се кршат работничките права. Поддршка, како што информираа, добиле и од Светската конфедерација на синдикати (ITUC) и од Европскиот синдикат за јавен сектор.

– Овој закон е опасен. МОТ ја нагласи важноста на осумчасовниот ден и 48-часовната недела за заштита на здравјето и безбедноста на работниците. Владата на Северна Македонија е должна да го поддржи ова и веднаш да го повлече овој опасен закон, препорачуваат од ITUC.

На повторената постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе може да се доставуваат понуди до 17-ти следниот месец, а по 30 дена ќе се

Во писмото, пак, од Европскиот синдикат за јавен сектор се наведува дека прекувременото работно време претставува сериозна закана за здравјето и безбедноста и ја загрозува испораката на безбедни и квалитетни јавни услуги.

– Се здружуваме со ITUC во повикувањето на Владата на Северна Македонија да ја повлече оваа иницијатива и целосно да се ангажира со социјалните партнери за секоја планирана ревизија на трудовото законодавство. Ние внимателно ќе ја следиме ситуацијата во консултација со нашите соработници во Северна Македонија и очекуваме позитивен одговор од вас за овие критични прашања, се наведува во реакцијата од Европскиот синдкат за јавен сектор

Back to top button
Close