Изминатиот викенд паркингот на Водно го искористиле 335 возила
Паркингот на Водно во текот на овој викенд го искористиле 335 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопштенија од Град Скопје.
Градските власти појаснуваат дека паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот, односно цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.
– На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира, велат од Град Скопје.
Воедно, Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.