Изминатото деноноќие произведени 11.446 мегават часови струја


АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.446 мегават часови електрична енергија.

Како што информираа од Владата, во термоелектраните се произведени 8.092 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци” 3.354 мегават часови струја.

– АД ЕСМ на 04.11.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените домашни капацитети, се додава во соопштението на владината прес-служба.

Back to top button
Close