Изминатото деноноќие произведени 14.939 мегават часови електрична енергија


Изминатото деноноќие биле произведени 14.939 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, известуваат од Владата.

-Во термоелектраните произведени се 13.141 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.798 мегават часови, соопштуваат од Владата.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба биле набавени 850 мегават часови електрична енергија.
-Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, објаснуваат од Владата.

Back to top button
Close