Изминатото деноноќие произведени 17.454 MWh електрична енергија


АД ЕСМ изминатото деноноќие има произведено 17.454 MWh електрична енергија, со што, како што денеска информираа, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во термоелектраните произведени се 12.781 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.673 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија за болниците, училиштата, јавните претпријатија, капацитетите од прехранбената индустрија и објектите од виталната инфраструктура во државата.

Back to top button
Close