Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка
НЛБ Банка започна со процесот на издавање на домашните платежни картички и веќе се изработени првите 35.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција. Од Банката информираат дека сите корисници на финансиска поддршка, кои се распределени во НЛБ Банка, по изработка на домашната платежна картичка, ќе добијат СМС известување дека картичката е изработена и ќе им биде лично доставена на домашната адреса.
За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/domasnaplatezna
НЛБ Банката ја поддржува оваа иницијатива на Владата со изработка и издавање на 113.000 картички. Издавањето на картичките ќе се одвива етапно, а крајниот рок, поставен во Уредбата на Владата на Р. Северна Македонија, за издавање на картичките е 18 јули 2020 година. Граѓаните корисници на оваа платежна картичка ќе можат да ги користат средствата до 15 август 2020 година за купување на македонски производи.
За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600 и на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.