Израел ја уапси Грета Тунберг и внукот на Нелсон Мандела, флотилата со лекови и храна за Палестина е стопирана

Израелската морнарица синоќа ја пресретнала флотилата на активистите кои се приближувале кон опколената палестинска територија, по што ги уапсила сите кои биле на бродовите, а мѓу нив и шведската активистка Грета Тунберг, како и внукот на Нелсон Мандела.

Некои од оние вклучени во најновата кампања за помош на Палестина рекоа дека ќе започнат штрајк со глад доколку бидат притворени.

Израелските власти соопштија дека активистите на бродот, вклучувајќи ја и Тунберг, се безбедни и се префрлаат во Израел, а објавија и видео од настанот.

Глобалната флотила Сумуд е составена од повеќе од 40 цивилни бродови со околу 500 луѓе на бродот и се обидува да ја пробие морската блокада на Израел.

Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека „неколку бродови“ се „безбедно запрени“, а патниците се однесени во израелско пристаниште. „Грета и нејзините пријатели се безбедни и здрави“, додаде портпаролот. На видеото се гледа како Тунберг седи на палубата додека ѝ се дава шише со вода и мантил за дожд.

Флотилата ги игнорираше барањата да се врати назад, а организаторите рекоа дека пресретнувањето било нелегално бидејќи се случило во „меѓународни води“ на околу 80 милји од брегот.

Флотилата, која тргна од Барселона и требаше да пристигне утрово, беше придружувана од воени бродови на НАТО.

Протести избувнаа во Италија и Турција поради третманот на флотилата.

Најголемиот синдикат во Италија повика на генерален штрајк утре, велејќи дека „нападот врз цивилните бродови што превезуваат италијански граѓани претставува исклучително сериозно прашање“.

Турското министерство за надворешни работи го нарече пресретнувањето на Израел „напад“ и „акт на терор“ што ги загрозува животите на оние на бродот.

Газа страда со сериозен недостиг на храна поради бруталната војна на Израел. Агенции како што е ОН го обвинија Израел за намерно забавување на испораката на залихи – нешто што тие го негираат.

Сепак, како што се наведува, помошта што ја носи флотилата е само симболична количина храна и лекови.

Back to top button
Close