Израел демантира дека нападнал центар за хуманитарна помош во Рафа
Израел негира дека денеска извршил напад врз дистрибутивен центар за хуманитарна помош во центарот на Рафа, јужниот де на Појасот Газа.
Во соопштението на израелската армија се наведува дека последните часови се шират лажни извештаи, како и сериозни обвинувања против Израелските одбранбени сили (ИДФ) дека отвориле оган врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош пред пункт Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ).
Хамас претходно соопшти дека израелските војници извршиле напад врз пункт за хуманитарна помош при што загинале 30 лица, а 119 се повредени.
И новоформираната ГХФ, која е поддржана од Израел, ги негираше обвинувањата од страна на Хамас.