Израел ги идентификуваше останките вратени од Хамас како тела на тројца израелски војници
Израелските власти денеска соопштија дека ги идентификувале посмртните останки, што вчера ги врати Хамас, како тела на тројца војници киднапирани Израелските власти денеска соопштија дека ги идентификувале посмртните останки, што вчера ги врати Хамас, како тела на тројца војници киднапирани на 7 октомври 2023 година.

Досега Хамас врати 20 од вкупно 28 тела што треба да ги врати во Израел.
– По завршувањето на процесот на идентификација спроведен од Националниот институт за судска медицина, во соработка со израелската полиција и воениот рабинат, армијата ги информираше семејствата на заложниците што починаа дека се идентификувани како членови на нивните семејства, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Загинатите се идентификувани како израелско-американски капетан Омер Нејтра, на возраст од 21 година во времето на киднапирањето, десетарот Оз Даниел, на возраст од 19 години, и полковникот Асаф Хамами, на возраст од 40 години, највисоко рангиран офицер заробен од Хамас.
Според Форумот на семејствата на заложници, тројцата биле убиени во борбите за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, а нивните тела потоа биле префрлени на палестинска територија.
И покрај неколкуте случаи на тензии и судири, од 10 октомври во Појасот Газа е во сила примирје, според договор постигнат со посредство на САД, чија цел е враќање на сите заложници киднапирани во Израел, мртви или живи.






