Израел го поздрави повторното воведување на санкциите на ОН кон Иран

Израел, кој бомбардираше ирански нуклеарни постројки за време на кратката војна во јуни, смета дека повторното воведување на санкциите на ОН кон Техеран е „значаен развој“, соопшти израелското Министерството за надворешни работи во објава на Икс, пренесуваат агенциите.

„Ова е важен развој како одговор на континуираните прекршувања на Иран, особено во однос на неговата воена нуклеарна програма. Целта е јасна – да се спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Светот мора да ги искористи сите инструменти за да ја постигне оваа цел“, се наведува во соопштението.

Велика Британија, Франција и Германија го иницираа враќањето на санкциите против Иран во Советот за безбедност на ОН поради обвинувањата дека земјата го прекршила договорот од 2015 година, чија цел беше да се спречи да развие нуклеарна бомба.

Back to top button
Close