Израел и ЕУ денес потпишуваат договор за снабдување со гас

Израел и Европската унија денеска ќе потпишат договор за извоз на природен гас во ЕУ, соопшти израелското Министерство за енергетика.

Лидерите на ЕУ истакнуваат дека Израел би можел да биде нов извор на снабдување со гас за 27-члениот блок, бидејќи сака да ја намали зависноста од руската енергија, пишува Ројтерс.

Овој договор за прв пат ќе овозможи „значаен“ извоз на израелски гас во Европа, се вели во соопштението од израелското Министерство.

Според официјалните лица, се предвидува дека израелскиот природен гас прво ќе биде испратен во фабриките во Египет, каде што ќе биде претворен во течна состојба, а потоа ќе биде доставен на северноевропскиот пазар.

Рамковниот договор ќе го потпишат Израел, ЕУ и Египет, прецизираше израелското министерство.

Back to top button
Close