Израел им дозволи на странските земји да достават помош во Појасот Газа со падобран
Почнувајќи од денес, Израел ќе им дозволи на странските земји да користат падобрани за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа, објави Израелското воено радио.

Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 100 луѓе, меѓу кои 81 дете, починале од глад, повеќето од нив во последните недели.
Групите за човекови права соопштија дека масовно гладување се шири низ Газа, додека тони храна и други залихи стојат недопрени веднаш надвор од енклавата.
Невладините хуманитарни организации оценија дека апелите на Европската Унија за помош во Газа, каде што Палестинците гладуваат под израелската блокада, значат малку без да се преземат соодветни мерки и ја повикаа ЕУ да воведе санкции врз Израел.
„Твитовите не ги хранат луѓето. Изјавите не ги отвораат премините за помош“, изјави Бушра Халиди, раководител на политиката во невладината организација Оксфам, пренесува Танјуг.