Израел: Иран истрела помалку од 100 ракети, погодени неколку цели


Иран вечерва истрела помалку од 100 ракети кон Израел и постигна „неколку погодоци“, соопшти израелската армија.

Според портпаролот на Израелските одбранбени сили, Ефи Дефрин, дел од оштетувањата се предизвикани од остатоци при пресретнување на проектилите.

Тој предупреди дека во текот на ноќта може да следуваат нови напади и ги повика цивилите да останат блиску до засолништата.

Back to top button
Close