Израел лани извезол воена опрема и вооружување во вредност од 7,2 милијарди долари

Израел лани извезол воена опрема и оружје во вредност од 7,2 милијарди долари, што е за пет проценти помалку од претходната 2018 година, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана.

Најпродавани биле ракетите, ракетните и системите за воздушна одбрана, наведе МО.

Во однос на 2017 година, извозот е помал за 23 проценти, но е во согласност со генералниот тренд на раст на израелскиот извоз на воена опрема и оружје.

Главните дестинации на извозот се азиско-пацифичкиот регион, Европа и Северна Америка.

Иако од Министерството за одбрана велат дека годинава очекуваат натамошен раст на извозот, пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе ги наруши овие планови.

Израел е еден од водечките светски извозници на оружје.

Back to top button
Close