Израел планира да распореди системи за ласерска одбрана во воздух

Израел планира дополнително да го развие својот нов моќен систем за ласерска воздушна одбрана за да може да се монтира на авиони, покрај неговото распоредување на земја, објави ДПА, повикувајќи се на еден од развивачите на проектот, Даниел Голд.

„Веќе сме во следната генерација“, изјави Голд, раководител на одделот за воено истражување и развој во израелското Министерство за одбрана.

Израелската армија вчера го прифати системот за ласерско пресретнување, познат како „Железен зрак“, кој ќе биде интегриран во постојните повеќеслојни ракетни штитови.

Развиен е од израелските одбранбени компании Елбит Системс (Elbit Systems) и Рафаел (Rafael), објави израелското Министерство за одбрана.

Железниот зрак е дизајниран да работи заедно со системите за ракетна одбрана „Железна купола“, „Давидова прачка“ и „Ароу“.

Тестовите покажаа дека системот е сигурен во пресретнувањето на ракети испукани од минофрлачи, авиони и беспилотни летала. Покрај тоа, неговото работење е значително поевтино од постојните израелски системи за ракетна одбрана, објави ДПА.

Според проценките на американските експерти, неутрализирањето на беспилотно летало со ласерско оружје чини четири долари по пресретнување, додека трошоците за системите што моментално ги користи израелската армија се многу повисоки.

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави за време на посетата на фабриките „Рафаел“ дека системот е предвесник на „фундаментална промена во воените работи – и во одбраната и во нападот“.

Back to top button
Close