Израел подготвува алтернатива за власта на Хамас во Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, синоќа изјави дека Израел, во моментов додека ја изведува воената операција во Појасот Газа „подготвува алтернативна власт“ за оваа област, на местото на палестинското движење Хамас прортив кого војува веќе осум месеци, пренесе Бета.
Уште кон средината на мај Галант изрази противење за воената и политичка контрола на Израел врз Појасот Газа, каде исламистичкото движење Хамас ја презеде власта во 2007 година.
-Додека ги спроведуваме важните воени акции, Министерството за одбрана паралелно подготвува алтернативна власт на Хамас, рече Галант, пренесен од неговото министерство.
Во текот на состанокот со војската во близина на границата со Газа, Галант кажа дека поастои „рамка“ за „изолирање на зоните“ во Газа од борците на Хамас и за „воведување други сили кои ќе овозможат формирање алтернатива за власта на Хамас“.
Галант на 15 мај директно му се спротивстави на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој смета дека разговорот за иднината на Појасот Газа е залуден без уништувањето на Хамас.
Галант уверуваше дека „воената операција од една страна и создавњето одредби за владината алтернатива, од друга страна, ќе овозможат да се остварат двете целчи на оваа војна: елиминација на Хамас како власт во Газа и враќање на заложниците“ кои хамас ги киднапира во Израел на 7 октомври минатата година, кога всушност и почна војната.
-Нема да прифатиме владеење на Хамаса во Појасот Газа ниту во една фаза од процесот потребен за завршување на војната, додаде израелскиот министер за одбрана