Израел потврди дека се согласува со предлогот на Трамп за прекин на огнот со Иран

Израел, исто така, тврди дека нанел „големи загуби на военото раководство на Иран“ и дека „десетици клучни цели на иранската влада“ биле уништени во нападите

ФОТО: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Владата на Израел објави дека се согласила со предлогот за билатерален прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп. Во соопштението, се наведува дека израелската влада вели дека се согласила со предлогот за прекин на огнот откако „ги постигнала целите“ на своите напади врз Иран, пишува Би-би-си.

Според соопштението, Израел ја отстранил „двојна непосредна егзистенцијална закана од себе – и во нуклеарното и во балистичкото ракетно поле“.

Израел, исто така, тврди дека нанел „големи загуби на военото раководство на Иран“ и дека „десетици клучни цели на иранската влада“ биле уништени во нападите.

Во изјавата понатаму се вели дека израелските сили, во последниот ден, „сериозно нападнале владини цели во срцето на Техеран, елиминирајќи стотици оперативци на Басиџ“ – милиција што иранската влада често ја користи за потиснување на протестите – и „неутрализирале уште еден висок ирански нуклеарен научник“.

„Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Држави за нивната поддршка во одбраната и нивното учество во елиминирањето на иранската нуклеарна закана“,се додава во изјавата.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, кој не беше формално потврден од завојуваните страни.

Според условите наведени во соопштението на Трамп, Иран прво треба да го почитува прекинот на огнот, а потоа и Израел, а доколку двете страни ги почитуваат условите, војната би можела да биде запрена по 24 часа.

Израел, на кого му се придружија и САД за време на викендот, изведе напади врз нуклеарните постројки на Иран откако тврдеше дека Техеран се приближува до нуклеарно оружје.

Додека еден ирански функционер претходно потврди дека Техеран се согласил на прекин на огнот, министерот за надворешни работи на земјата рече дека нема да има крај на непријателствата сè додека Израел не ги запре нападите.

Back to top button
Close