Израел повторно извршил жестоки напади врз Газа

Израел ноќеска извршил жестоки напади врз Појасот Газа додека на регионот му се заканува глад во време кога во Каиро треба да почне нова рунда преговори за примирје меѓу Израел и Хамас.

Најмалку 75 луѓе, главно жени и деца, биле убиени во текот на изминатата ноќ, соопшти Министерството за здравство на палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Газа од 2007 година.

Информациите не можат да бидат потврдени од независни извори.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, борбите не престануваат на малата палестинска територија, речиси шест месеци по почетокот на војната, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври

Back to top button
Close