Израел преговара со држави за преселување на Палестинците од Појасот Газа
Израел преговара со пет земји за потенцијално преселување Палестинци од Појасот Газа – со Индонезија, Сомалиленд, Уганда, Јужен Судан и Либија, јави денеска израелскиот Канал 12.
„Некои од земјите покажуваат поголема подготвеност од претходно да прифатат доброволна имиграција од Појасот Газа“, изјави неименуван дипломатски извор за Канал 12, издвојувајќи ги Индонезија и Сомалиленд, објави „Тајмс оф Израел“, наведувајќи дека конкретни одлуки сè уште не се донесени.
Сомалиленд е отцепен регион на Сомалија што се надева на меѓународно признавање преку договор со Израел за прифаќање на Палестинците од Појасот Газа.
Извештајот доаѓа заедно со тврдењата на дел од американските медиуми дека Израел разговарал за преселување на луѓето од Газа во Јужен Судан – тврдење што владата на африканската нација го отфрли како „неосновано“ и не ја одразува нејзината официјална политика.